Јеменската мрежа Ал Масира објави податоци за производството на сурова нафта и приходот што бил ограбен од земјите кои ја извршиле агресијата врз Јемен. Податоците се однесуваат на произведената нафта и нејзината вредност, која саудискиот агресор и нивните платеници ја ограбиле во периодот од јануари 2015 до март 2022 година.

Произведеното количество во изминатите седум години достигна 129.061.000 барели сурова нафта, во вредност од 7,66 милијарди американски долари. Според податоците, вредноста на украдената сурова нафта во изминатите седум години изнесува 4.599.729.000.000 јеменски ријали, што е вредност доволна за исплаќање плати на сите вработени во јеменската влада за период од седум години. Јемен се соочува со најголемата хуманитарна криза во светот и целосна поморска, воздушна и копнена опсада наметната од саудиската воена коалиција.