
Паравојска со сомнителна репутација
Семејството на Паулиус Лишкаускас живее во Сувалки. Ова е област која се смета за особено загрозена во случај на војна против Русија. Тоа е тесен појас на територија што ја поврзува Литванија со Полска, а кој е сместен меѓу руската енклава Калининград на северозапад и рускиот сојузник Белорусија на југоисток. Долга само 65 километри по воздушен пат и е единствената копнена врска меѓу балтичките држави и другите партнери на НАТО. Многумина овде стравуваат дека Москва би можела да се обиде да ја прекине оваа врска. Стравот и одбивноста кон Русија се длабоки.

Овие чувства ги дели и Паулиус Лискаускас, кој инаку работи како адвокат, но руската политика не ја поистоветува со обичните луѓе во Русија. „Имам руски клиенти со кои сè уште одржувам контакти. Не чувствувам никаква омраза кон нив, туку кон нивната држава и пропаганда“, вели Лискаускас.
Литванците кои патуваат со воз меѓу Москва и Калининград исто така чувствуваат литвански одбивност. Тие минуваат низ главниот град на Литванија, Вилнус. Иако не им е дозволено да се симнат од возот, деновиве низ прозорците може да се видат билборди со слики од војната во Украина, а некои од нив имаат прашање дали навистина го поддржуваат рускиот претседател Путин.

Војната во Украина го разгорува стравот во Литванија
Цели 45 години Литванија и Русија беа дел од една држава, Советскиот Сојуз. По прогласувањето независност, Литванија влезе во НАТО во 2004 година. Тензиите со Русија се зголемуваат во последните години.
Војната во Украина е знак на тревога, вели Лауринас Кашчиунас, пратеник во литванскиот парламент. Тој во разговор за „DW“ посочува дека Литванија мора подобро да се подготви против евентуалната агресија на Русија. „Имаме само неколку години да се подготвиме. За тоа ни треба поголемо присуство на НАТО како сигурно средство за одбрана“.
Кога започна војната во Украина, во Литванија имаше луѓе кои се плашеа и сакаа да ја напуштат земјата, вели за ДВ политикологот Томас Јанелиунас од Универзитетот во Вилнус. Сепак, многумина сега гледаат дека руската армија е послаба отколку што се мислеше. А подготвеноста на Украинците да се бранат е поголема. „Војната во Украина е добра лекција. Имаме време да се подготвиме. Украинците ни даваат време. Мораме максимално да го искористиме тоа време и да се подготвиме“.
Еден од начините за подготовка се вежбите со гаѓање, на што се посвети Паулиус Лишкаускас. Тој би сакал да има уште повеќе војници на НАТО, во Литванија, но ако треба, би војувал и со сопругата, која исто така е членка на Стрелачката алијанса. „Тешко е да се зборува за иднината. Живееме во тешки времиња и никој не знае што ќе се случи утре. Затоа е важно да живееме овде и сега, да правиме мали чекори, да ја зајакнеме сопствената земја со патриотизам“.
„DW“
„Dubai-Portal“










