Поранешен американски командант: „Мора да ја признаеме нашата грешка, во подршката на Курдите во Сирија, против Турција“

0
123

Поранешниот воен командант на САД ја призна грешката на неговата земја во поддршката на Курдите во Сирија, против Турција.

Поранешниот командант на американските сили Бен Хоџис во изјава за турскиот ТВ канал „Хабертурк“ рече: „Знам дека овие зборови може да ги изненадат Турците, но мора да ја признаеме нашата грешка“.

„Нашата поддршка за оружјето на ПКК/ИПГ беше голема грешка и им наштети на нашите односи со Турција. Затоа, сега има конгресна делегација во Турција која се обидува да ги обнови нашите односи со Турција“, додаде тој.

Соединетите Држави со години ги поддржуваат курдските милитанти од Единиците за заштита на народот во нивната војна против ДАЕШ во северна Сирија. Турција ја критикуваше оваа поддршка, велејќи дека таа е основа за терористички коридор на нејзините граници.


„Dubai-Portal“