Слимани го обвини тренерот на Спортинг, дека го тргнал од тимот поради тоа што пости

0
110

Алжирецот Ислам Слимани, со објава на Инстаграм покрена лавина реакции поради она што наводно му го направил тренерот на Спортинг Лисабон.

Искусниот напаѓач воопшто не бил во екипата во полуфиналниот реванш натпревар против Порто и на првенствениот меч против Тондела, а мораше да се задоволи со само пола час игра против Бенфика.

Пред тоа на пет натпревари постигна четири голови и се чинеше дека е во добра форма, а тренерот неговото изоставување го оправда со тоа што наводно Слимани не бил доволно заинтересиран на тренинзите.

Тие кои тренираат најдобро, се повикани. Можам да ја ризикувам својата работа, но така ќе биде се додека сум јас овде. Тренингот е важен и интегрален дел од подготвките“, порача тренерот на Спортинг.

Реакцијата на Слимани на социјалните мрежи беше следната:

Без јадење и пиење, секогаш вредно тренирам за овој клуб, никој не може тоа да ми го земе“, истакна Слимани, алудирајки на тоа дека периодов е под строги пости.


Sportclub