Во Украина се сруши карго авион АН-26: Загина едно лице

by Administrator

Во Украина се сруши карго авион од типот АН-26, при што загина едно лице, додека повредени се две лица, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Информацијата преку соопштение ја потврдија од локалната власт во Запорожје.

Во соопштението се вели дека авионот од типот AН-26, кој се срушил во близина на Запорожје, е во сопственост на Украина.

Се истакнува дека според првичните сознанија, во несреќата загинало едно лице, а две лица се повредени.

Споделена е информација дека се води истражување за откривање на бројката на екипажот во авионот.

Во соопштението се нагласува дека според прелиминарните информации, избувнал пожар во моторот откако авионот удрил во столб за електрична енергија.

You may also like