Во турскиот град Невшехир, во општина Кајмакли, се произведува специјален леб, а посебен е по тоа што трае долго, а тајната состојка за тоа е брашно од компир или пире од компири кои се додаваат во тестото. . Невшехир е еден од градовите со најголемо производство на компир. Собирајќи се во раните утрински часови, во пекарниците, жените подготвуваат тесто во кое додаваат претходно подготвено брашно или пире од компири, додавајќи вода, брашно, сол и квасец. По еден час тестото се пече во рерна. Лебот не се продава само овде, туку и во другите градови низ државата. Брашното или пирето од компир ја обезбедуваат „свежината“ на овој леб 15-20 дена.