Кадиров најави дека денес руските сили ќе имаат целосна контрола над Азовстал

0
109

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров изјави дека руските сили денеска ќе имаат целосна контрола над фабриката за челик Азовстал во Мариупол, јавија некои свески агенции.

– Пред ручек или после ручек, Азовстал ќе биде целосно под контрола на силите на Руската Федерација, рекол тој во аудио порака објавена доцна синоќа.

Чеченските сили се борат во Украина на страната на Русија. Ако падне, Мариупол ќе биде најголемиот град што Русија го окупира од почетокот на инвазијата пред осум недели.


„Dubai-Portal“