По разговорите меѓу израелскиот министер за одбрана Бени Ганц и неговиот украински колега, Олексеј Резников, било договорено Израел да испрати „одбранбена опрема“ во Украина. Тоа се претежно панцири и шлемови наменети за итните служби, така што овој потег е повеќе од дипломатско отколку воено значење. Израел, исто така, испратил 100 тони хуманитарна помош во Украина и изгради болница во западна Украина, во која беа вработени над 100 здравствени работници.
Досега, Израел одбиваше да испрати конкретна воена помош за Украина, вклучително и барањата на Украина за Железната купола, сакајќи да избегне тензии со Русија за да ја задржи можноста за изведување воздушни напади врз Сирија. Сепак, по минатонеделните коментари на министерот за надворешни работи Јаир Лапид дека Русија е одговорна за воените злосторства во Украина, избувнаа тензии.
Москва веднаш издаде соопштение во кое го обвини Израел за „окупација“ на палестинските територии, а потоа им вети на Палестинците дипломатска поддршка и руска пченица.4 Во разговор со Олексеј Резников, Бени Ганц истакна дека Израел стои на страната на граѓаните на Украина и најави продолжување на помошта за таа земја.










