На 19.04.2022 околу 12.50 часот во Полициската станица Дебар било пријавено дека на кружниот тек во изградба помеѓу ул.„Амди Леши“ и ул.„Атанас Илиќ“ во Дебар, работници пронашле една неексплодирана граната. Извршен бил увид на местото од увидна екипа од Полициската станица Дебар и Дирекцијата за заштита и спасување, при што било констатирано дека станува збор за артилериска граната со К-75 мм од постар тип. Гранатата била подигната од пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување за понатамошна постапка.











