Организацијата за исламска соработка (OIC), најостро го осуди палењето на копии на муслиманската света книга Кур`ан во Шведска.
Во изјавата, генералниот секретар на ОИК, Хисеин Брахим Таха, ги осуди провокативните дејствија на палење копии на Светиот Кур`ан за време на антимуслиманските демонстрации во Линкопинг, Норчепинг и други градови во Шведска“.
Изјавиа дека подметнувањето пожар предизвикало загриженост кај муслиманите за „алармантниот тренд на исламофобија што го одржуваат приврзаниците на екстремната десница“.
Шефот на ОИК, сепак, рече дека палењето на Кур`анот „не ги одразува ставовите на повеќето шведски и европски граѓани“.
Минатата недела Расмус Палудан, водач на екстремно десничарската група Страм Курс (тврда линија), запали примерок од Светата книга на муслиманите во јужниот шведски град Линкопинг. Тој, исто така, се закани дека ќе запали копии од Кур`анот за време на понатамошните собири.
Туркије, Саудиска Арабиј, ОАЕ и голем број арапски и муслимански земји и организации го осудија палењето на Кур`анот, нарекувајќи го чинот провокација и поттикнување против муслиманите.
„Dubai-Portal“










