Бараме казина и обложувалници да може да постојат само во хотели со 5 ѕвездички, порача лидерот на Алијанса за Албанците, Зијадин Села, на денешната прес-конференција во Собранието.
Рекламите за казина и обложувалници да не бидат поголеми од 50 на 30 см, а секој дополнителен квадратен метар реклама да се плаќа по најмалку 200 евра, а тие пари да се собираат во посебен фонд и да се користат за лица со поесбни потреби, вели Села.
Села рече дека не е доволно казината и обложувалниците да се одалечат 500 метри од образовни и верски институции и нагласи дека семејниот дом е главната институција за воспитување.
Според него предлогот за вакви законски измени ќе биде доставен до сите парламентарни групи.
„Наш став е дека игри на среќа треба да се забранат, но свесни сме дека тоа не може да помине зашто другите партии ќе се спротивстават“, нагласи лидерот на Алијанса за Албанците.
Со законските измени што ги предлага Алијанса за Албанците, казината и обложувалниците ќе одвојуваат по 200 евра по секој метар квадратен за инвестиции во спорт, за младината, за лица со посебни потреби кои би се уплатувале на сметките на локалната власт.
„Nova“ Tv










