Реџеп Цери, имам на џамија во општина Кадирли, лоцирана во турскиот град Османије, изградил соба за одмор во џамијата за да привлече деца. Имамот Реџеп, сакајќи децата да поминуваат повеќе време во џамијата и подобро да ја запознаат џамијата, пинг понг, шах, чита книги и прави скара во просторијата за одмор. Децата кои се на училишен распуст доаѓаат во џамија и велат дека одлично се забавуваат во џамијата. – Овде имаме пинг-понг, натпревар во шах, пикадо, правиме скара. Повремено читаме книги заедно. Убаво си поминуваме. За децата да ја засакаат и да се доближат до џамијата, го направивме овој проект, а на крајот на децата ќе им подариме подароци, изјавил имамот Реџеп.

Озгур едно од момчињата изјави дека овие активности се одлични.

– Јас сум многу среќен. Се надевам дека ако даде Господ ќе освојам некоја убава награда, изјави Озгур Бенли.

Хамза Бебек изјавил и дека му се допаѓаат сите активности, особено кога сите заедно читаат книга. Освен децата, задоволни се и родителите од овие активности, и од тоа што децата на убав, забавен и корисен начин го поминуваат времето со другарите во џамија.