Командантот на силите Кудс: „Иран ќе се спротивстави на Израел секаде каде што смета дека е потребно“

0
125

Командантот на иранскиот корпус на иранската револуционерна гарда, Есмаил Каани,  изјави дека Исламската Република ќе се спротивстави на Израел „секаде каде што смета дека е потребно“, објави полуофицијалната новинска агенција „Nour“.

„Каде и да ја идентификуваме ционистичката закана, остро ќе им се спротивставиме. Тие се премногу мали за да ни се спротивстават“, рече Каани, чија единица ги контролира надворешните операции на Револуционерната гарда, пренесува „Reuters“.

Каани вети дека ќе ја поддржи секоја група која се бори против „ционистичкиот режим“.

Тој рече дека Израел сега се плаши од хероите на отпорот во Либан и ги избегнува.


„Dubai-Portal“