Официјално: Тунис ќе ги зголеми цените на горивото за 30 отсто, до крајот на 2022 година

0
240

Тунис ќе ги зголемува локалните цени на горивото за најмалку 3% секој месец оваа година, изјави во четвртокот официјален претставник на Министерството за енергетика, што може да значи зголемување од најмалку 30% до крајот на 2022 година, објави „Reuters“.

Тунис ги зголеми цените на горивата за 5 отсто во средата, што е негово трето зголемување оваа година, по остриот пораст на цената на нафтата во обид да го ограничи својот буџетски дефицит, јавува „Reuters“.

Северноафриканската земја, која страда од својата најтешка финансиска криза, се обидува да договори нова програма за финансирање со Меѓународниот монетарен фонд (MMF) во замена за непопуларни реформи, вклучително и намалување на субвенциите за гориво и храна.

„Законот за финансии вели дека годинава ќе има месечно поскапување на горивата за најмалку 3 отсто“, изјави Афиф Мабруки, функционер во Министерството за енергетика.

Министерката за индустрија, енергетика и рударство, Наила Нуира, на 18 февруари рече дека зголемувањето на цените на енергијата одобрени од владата се дел од непопуларниот пакет економски реформи што го бараат меѓународните кредитори во замена за програма за финансиска помош.


„Dubai-Portal“