Познатиот турски готвач Бурак Оздемир, кој има голем број следбеници на социјалните мрежи, познат и како ЦЗН Бурак, ги поддржа активностите на Црвената полумесечина на Турција и учествуваше во делењето помош на луѓето на кои им е потребна во Палестина. Познатиот готвач и предаде донација на Црвената полумесечина за организирање ифтар за 2.000 Палестинци и подготви заеднички ифтар за верниците во Ал Акса. Оздемир делеше ифтар оброци во комплексот Ал Акса. Како дел од кампањата за Рамазан, Турската Црвена полумесечина продолжува да им пружа рака на помош на луѓето ширум светот.

Само во Палестина, Црвената полумесечина на Турција организира хуманитарни активности на 21 контролен пункт за време на Рамазан. Планирано е да се поделат околу 5.000 пакети со храна и да се организираат ифтар програми за 12.000 луѓе. Црвената полумесечина на Турција има за цел да им помогне на околу 42.000 луѓе во Палестина за време на Рамазан, јавува АА.













