Под покровителство на Муфтиство на град Кичево и група на наши сограѓани кои живеат во Македонија и надвор, односно дијаспората, и оваа година по 7 (седми пат) на 04.05.2022г во 19.30 во домот на културата во Кичево ја продолжуваме нашата традиција во организирањето на Бајрамски Концерт.

Со мала пауза од 2 години заради Ковид пандемијата, Кичевчани повторно ќе имаат можност по повод завршувањето на мубарек месец Рамазан и добредојдето на Рамазан Бајрам да слушнат преубави илахија, проучување на делови од Куран и Хадис.

На овогодинешниов Бајрамски концерт ќе присуствуваат голем број на учесници од Македонија и надвор.

Посебна чест и задоволство ќе ни причине присуството на Мустафа еф.Исаковиќ и хор Рејјан, од Сарајево – Босна и Херцеговина кои за прв пат доаѓаат во Македонија, и токму во нашиов град Кичево.

Се разбира покрај нашите гости од Босна и Херцеговина, овогодинешниот традиционален Бајрамски концерт ќе биде збогатен и со учеството на хафиз Даут Елези од Призрен, Мерита Бурнику и Арменд Беќири Феризај како и други учесници.

Добредојде на присутните и најавата на програмата на Традиционалниот Бајрамски концерт,како и преку свое излагање на ( покрај Македонскиот, на Турски, Албански и Босански јазик) ќе им посака муфтијата на град Кичево Ќамил еф Рушити.

Уште еднаш им благодариме на сите оние кои на некој начин преку своето помагање ( муфтивство на град Кичево како покровител, и нашите сограѓани кои живеат во Македонија и надвор), допринесоа во помагање во продолжувањето на оваа наша традиција препознатлива за град Кичево, и притоа се разбира да ги поканими сите љубители на прекубавите изведби на илахии, и оние кои сакаат да ги слушнат убавите зборови на Куранот и Хадисот, на: 04.05.2022г во 19.30 часот да ја збогатат и бидат дел од оваа наша традиција.

(Архива) Традицинален Бајрамски концерт Кичево 2018

Организација на Традиционален Бајрамски Концерт Кичево.