Старите пластични шишиња и другиот отпад се собираат во Газа и се третираат за да се користат за изработка на теписи.

Откако ќе се собере, пластиката се обработува, се дроби и се претвора во мали гранули кои се мијат, бојадисуваат и се раствораат за да се трансформираат во потребната форма за да се ткаат во килими и душеци. Потоа се користат во џамии, отворени простори и во домовите на луѓето.

Хамид Хегази, сопственик на фабрика за теписи, го започна својот бизнис во 2006 година кога Израел почна да воведува ограничувања за влезот на суровини потребни за голем број локални индустрии во Газа.

Тој вели дека неговата компанија не само што ги обезбедува потребните добра за жителите на Газа, туку и помага на опколената енклава да се ослободи од цврстиот отпад.

Според д-р Абдел Маџид Насар, професор по инженерство за животна средина на Исламскиот универзитет во Газа, Газа произведувала околу 2.000 тони цврст отпад дневно во 2019 година, или во просек 730.000 тони годишно. Приближно 11 отсто од тоа е пластичен отпад.


„Dubai-Portal“