Најмалку едно лице загина, а седум се повредени во експлозија во извиднички центар поврзан со шиитското движење Амал во близина на Сидон во јужен Либан, изјавија официјални лица за „Reuters“
Експлозијата ја урна зградата, а воениот персонал препбаруваше жртви под урнатините, додаваат извори. Експлозијата го оштети и блиското градско собрание.
Голема експлозија потресе палестински камп во пристанишниот град Тир на југот на Либан на 10 декември, при што беа повредени десетина луѓе, велат спасувачите на самото место и палестински извор во кампот.
Државната Национална новинска агенција (NNA) објави дека експлозијата дошла од складиште за оружје на Хамас во кампот Бурџ Ал Шемали и дека судијата им наредил на безбедносните сили да започнат истрага.
„Reuters“
„Dubai-Portal“









