КИЕВ (АА) – Генералштабот на Украинската армија соопшти дека од почетокот на војната во Украина загинале 19.600 руски војници, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во соопштението се наведува дека украинските сили уништиле 157 авиони, 140 хеликоптери и 732 тенка.
Исто така, од 24 февруари до 12 април уништени биле 1.946 оклопни возила, 349 топа, 111 ракетни системи и 63 системи за противвоздушна одбрана.
Покрај тоа, руските сили загубиле и 1.406 возила, 7 брода и лесни глисери, 76 возила за гориво и 124 беспилотни летала.
Anadolu Agency








