Алжир има намера да го зголеми извозот на природен гас во Италија за 50 отсто во рамките на новиот договор, кој се очекува да биде потпишан денеска, објави „Bloomberg“.
Според агенцијата, договорот е „имплицитен“ и предвидува дека „Алжир ќе го зголеми извозот во Италија за 9 до 10 милијарди кубни метри годишно до крајот на 2022 година“.
Во 2021 година, Италија доби околу 21 милијарда кубни метри гас од Алжир, наспроти околу 29 милијарди кубни метри од Русија.
Италијанскиот премиер Марио Драги, денеска е во посета на Алжир, каде треба да се сретне со претседателот Абделмаџид Тебун и да го потпише договорот, наведува весникот.
Договорот вклучува „зголемување на италијанскиот увоз на алжирски гас и заеднички инвестиции во обновливи извори на енергија“.
„Италија, која се потпира на руски увоз за околу 40 отсто од својата потрошувачка на гас, бара алтернативни набавки бидејќи лидерите на Европската унија размислуваат да заземат построг став против наводните руски злосторства во војната во Украина“, стои во изјавата на „Bloomberg“.
Алжир ја снабдува Европа со природен гас преку три гасоводи кои минуваат низ Медитеранот до Италија и Шпанија, почнувајќи од огромните полиња Хаси Р’Мел јужно од земјата. Гасоводот што го поврзува Алжир со Италија се смета за најстар, инаугуриран во 1984 година, а преку Тунис и Средоземното Море стигнува до островот Сицилија. Ова се нарекува Трансмедитерански гасовод.
„Dubai-Portal“









