Турските власти планираат да создадат специјална авиокомпанија за превоз на руски туристи во турските одморалишта, према извештаите на турските медиуми, пренесува „BBC“, откако Европската агенција за воздухопловна безбедност ги суспендираше сертификатите на сите руски авиокомпании.
„Ескалацијата на конфликтот меѓу Русија и Украина доведе до проблеми во туристичкиот сектор во Туркије, бидејќи двата пазари се многу важни за бизнисот“, пишува турскиот весник „DailySabah“, цитирајќи го извештајот на руската новинска агенција „Interfax“.
Договор со руските агенции
Новата компанија треба да биде со седиште во Анталија, на медитеранскиот брег на Туркије.
„Благодарение на оваа авиокомпанија ќе биде можно да се привлечат дополнителни милион руски туристи“, се вели во извештаите, пренесува „Hina“.
Покрај тоа, „Turkish airlines“ наводно се договорил со руските агенции да резервира блокови за седишта за руските туристи, на своите летови.
Сепак, поради нестабилната ситуација и западните санкции, Туркије е песимистична за бројот на Руси кои ќе можат да ја посетат за туристички цели во 2022 година.
„Dubai-Portal“









