Шведска и Финска би можеле да станат членки на Северноатлантската алијанса на НАТО уште ова лето, пишува денеска лондонскиот дневен весник „Times“, повикувајќи се на свои извори.

„Русија направи „огромна стратешка глупост“ бидејќи Финска и Шведска се многу блиску до тоа да бидат дел од НАТО од летото“, велат британските колеги на почетокот на текстот.

Понатаму се наведува дека официјален Вашингтон „смета на потег што ќе доведе до дополнително растегнување на руската армија и зголемување на западната алијанса од 30 на 32 членки, што е директна последица на инвазијата на Украина од страна на претседателот (Русија Владимир) Путин“.

Американските власти велат дека членството на двете нордиски земји во Алијансата било „предмет на разговори и повеќекратни сесии“ за време на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите-членки минатата недела, на кој биле вклучени и претставници на Шведска и Финска.

„Како инаку може ова да се протолкува како огромна стратешка глупост на Путин“, рече висок американски функционер, според „Times“.

Средба во Брисел

Се додава дека апликацијата за членство на Финска се очекува во јуни, а потоа се очекува и апликација на Шведска.

Според изворите на руската агенција TASS, на која се повикува Tanjug, владите на Шведска и Финска соработувале за постигнување консензус по тоа прашање, но конечната одлука ќе ја донесе независно секоја земја.

Претходно турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чавушоглу, навести можното членство на Шведска и Финска во НАТО, што подоцна стана една од најважните теми на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО што се одржа од 6 до 7 април во Брисел.


„Times“
„Dubai-Portal“