Петнаесет земји-членки на Европската унија ја повикаа Европската комисија итно да и исплати помош на Палестина, што е одложено поради полемики за содржината во училишните учебници, јавува агенцијата Анадолија.

Во писмото издадено од Политико во понеделникот (8-ми април), министрите за надворешни работи на групата на ЕУ предводена од Ирска, изразија загриженост поради „одложувањето на исплатата на помошта од ЕУ за Палестина за 2021 година поради предлогот на Европската комисија да го условува финансирањето со реформи во образованието“.

Потписниците на писмото тврдат дека финансирањето треба да биде одобрено што е можно поскоро бидејќи „палестинската управа е во предизвикувачка ситуација и доживува сериозна фискална криза, дополнително продлабочена со порастот на цените на нафтата и пченицата поради војната во Украина“.

„Условувањето во време кога палестинската управа е веќе вклучена во амбициозна програма за реформи во образованието, ризикува да го поткопа или уназади напредокот постигнат досега“, се вели во писмото.

Дененес состанок на министрите за надворешни работи

Се предупредува дека одложувањето „може да му наштети на дијалогот со Палестинците за ова и за други прашања“.

На иницијатива на комесарот за проширување Оливер Вархеји, Европската комисија предложи механизам за условување за исплата на финансиска помош за Палестина. Овој потег уследи по контроверзите околу училишните учебници кои наводно содржат антисемитски текстови и поттикнување насилство.

Писмото го потпишаа министрите за надворешни работи на Ирска, Белгија, Естонија, Финска, Франција, Грција, администрацијата на кипарските Грци, Летонија, Литванија, Луксембург, Малта, Полска, Португалија, Шпанија и Шведска.

Се очекува ова прашање министрите да го покренат на денешната средба на шефовите на дипломатиите на членките на Унијата.


„Dubai-Portal“