Владата на Обединетото Кралство за прв пат воведе санкции за членот на Претседателството на Босна и Херцеговина, Милорад Додик и претседателката на Република Српска, Жељка Цвијановиќ, за наводно кршење на легитимитетот и функционалноста на Босна и Херцеговина, соопшти британската амбасада во Сараево.

Британските санкции значат дека Додик и Цвијановиќ нема да можат да патуваат во Велика Британија или да користат или пристапуваат до кој било имот што може да го поседуваат во Велика Британија.

„Овие двајца политичари намерно го поткопуваат тешко стекнатиот мир во Босна и Херцеговина. Охрабрени од [рускиот претседател Владимир] Путин, нивното непромислено однесување е закана за стабилноста и безбедноста низ Западен Балкан. „Со овие остри санкции, покажуваме дека непријателите на мирот ќе бидат повикани на одговорност“, се вели во соопштението на британската министерка за надворешни работи Лиз Трас.

„Ова не се санкции против Република Српска, ниту нејзините граѓани. Овие санкции се насочени кон две лица кои се однесувале неодговорно на своите позиции“, се додава.

Забрана за патување и имот

Според соопштението, регулативата за санкциите против Босна и Херцеговина од 2020 година и дозволува на ОК да идентификува поединци кои го поткопуваат или загрозуваат суверенитетот, територијалниот интегритет, меѓународниот карактер или уставниот поредок на Босна и Херцеговина, нејзиниот мир, стабилност или безбедност, спречувајќи ја имплементацијата на Општ рамковен мировен договор или која било друга акција, политика или активност што го поткопува Општиот рамковен мировен договор.

Запленувањето на имотот спречува кој било британски државјанин или компанија во ОК, да работи со тоа лице преку финансиски или други економски ресурси во сопственост или контролирани од санкционирано лице во ОК.

Забраната за патување значи дека на санкционираното лице мора да му се забрани влез или престој во ОК, се додава во соопштението.


„Dubai-Portal“