Елма Елфиќ Зукорлиќ, сопругата на покојниот Муамер Зукорлиќ, зборуваше по денешната конференција на Усаме Зукорлиќ, синот на муфтијата од бракот со првата сопруга Умеја, на која истакна дека има докази дека татко му починал од труење.
Како што наведе на својот Инстаграм профил, Елфиќ Зукорлиќ била изненадена што е направена ваква анализа, и што била „потресена и вознемирена“ од кажаното на конференцијата денеска. „Сè што знаеме научивме преку медиумите. Децата и јас бараме да добиеме целосни информации за наводите, на кои имаме апсолутно право, ексхумација и обдукција, но и она што не се слушна на конференцијата, дека сакаме, доколку се точни тврдењата, да се покрене истрага а виновникот да се најде и да сноси одговорност пред лицето на правдата“, напиша таа.











