Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, изјави за британски „Telegraf“ дека НАТО работи на планови за постојано воено присуство на своите источни граници, во контекст на соочување со можна руска агресија, пренесува „Reuters“.

„НАТО се наоѓа во средината на фундаментална трансформација која ќе има долгорочни последици за постапките на рускиот претседател Владимир Путин“, рече Столтенберг.

„Сведоци сме на нова реалност, „нова нормала“ за европската безбедност. Затоа побаравме од нашите воени команданти да обезбедат опции за она што го нарекуваме ресетирање, долгорочно прилагодување на НАТО“, рече Столтенберг.

Преглед на одбранбените политики

Според него, воените трупи во источноевропските земји-членки треба да станат „полноправно средство за одвраќање“.

Столтенберг, кој поради ситуацијата во Украина би можел да добие продолжување на мандатот на чело на алијансата за една година, во разговорот откри дека одлуките за се ќе се носат на самитот на НАТО што во јуни ќе се одржи во Мадрид.


„Aj“
„Dubai-Portal“