Украинската армија го објави најновиот оперативен извештај, кој содржи сателитски снимки на кои се гледа руски воен конвој долг 12,8 километри, кој се движи исток-југ низ Украина.
На снимката се гледаат оклопни возила, камиони како влечат топови и придружна опрема што го сочинуваат конвојот, велат од американската компанија „Maxar Technologies“која ја доставила снимката до светските медиуми.
Официјални лица тврдат дека руските сили се обидуваат да ја пробијат украинската одбрана во близина на Харков, во источна Украина, со преместување дополнителни единици во таа област.
Во исто време тие се обидуваат да воспостават целосна контрола врз градот Мариупол, пишува „The Guardian“.
Продолжува делумната блокада на Харков и гранатирањето на градот, соопшти украинскиот Генералштаб на вооружените сили.
Сателитските снимки објавени од американската приватна компанија за вселенска технологија „Maxar Technologies“ покажуваат воен конвој долг 12,8 километри кој се движи кон југ низ градот Велки Бурлук во источна Украина, пишува „Reuters“.
Градот се наоѓа источно од Харков, во близина на границата меѓу Украина и Русија.
„Постојаното пристигнување на ранети (руски) војници го оптоварува медицинскиот персонал и огромната брза помош“, се додава во извештајот на украинската одбрана.
Во отсуство на стабилно снабдување со резервни делови и единици, руските трупи се принудени постојано да работат на обновување и поправка на опремата, тврдат официјални лица.
„Aj“
„Dubai-Portal“













