КИЕВ (АА) – Украинското Министерство за одбрана соопшти дека руската Армија, повлекувајќи се од околината на Киев, главниот град на Украина, продолжува да се концентрира за да се подготви за офанзивни операции на истокот на земјата, известува Агенција Анадолија (АА).

Во соопштението се наведува дека на 45-тиот ден од Украинско-руската војна, руската Армија продолжила со ракетни напади врз цивилни цели низ Украина.

Потсетувајќи дека Руската Федерација продолжува со своите широкоопсежни напади врз Украина, украинското Министерство за одбрана соопшти дека „непријателската армија презела мерки за обезбедување целосна контрола врз териториите на регионите Доњецк и Луганск во Украина“.

Во соопштението се вели дека руската Армија, која ја продолжува офанзивата во правец на Доњецк, се обидува да ја преземе контролата над населбите Рубежноје, Попаснаја и Новобахмутовка.

Покрај тоа, во соопштението се наведува дека руската Армија не се откажала од обидот да го заземе градот Мариупол и позициите на административната граница на регионот Керсон, што ги држи под опсада.

Во исто време, се забележува дека руската Армија, која врши воздушни напади на градот Вугледар и селото Новоселовка-2 во Доњецката Област, се обидела да тргне во офанзива и кон населбите Новотошкива, Степној и Маринка.

Се истакнува дека во регионот во кој се зголемува ризикот од диверзантски и разузнавачки групи, украинската Армија продолжува да ја држи линијата на фронтот и постепено да се обиде да ги потисне руските трупи.


„Anadolu Agency“