АНКАРА (АА) – Возачот на Ферари, Шарл Леклер, е победник на третата трка во Формула 1 оваа сезона, што денес се возеше за Големата награда на Австралија, известува Агенција Анадолија (АА).

Леклер на патеката „Алберт Парк“ во Мелбурн стартуваше од првата пол-позиција и до крајот на трката успеа да го сочува водството, доаѓајќи до својата втора победа сезонава, вкупно четврта во кариерата.

По возбудливата трка, Шарл Леклер од Монако прв ја мина целта, постигнувајќи време од 1:27:46,548. Второпласиран беше Мексиканецот Серхио Перез, возачот на Ред Бул, со заостанување од 20,5 секунди, додека третото место му припадна на Британецот Џорџ Расел, возачот на Мерцедес, со заостанување од 25,5 секунди.

Следната трка во Формула 1 ќе се одржи во Италија на 25 април.

По трката за Големата награда на Австралија, распоредот на првите пет возачи и тимови во Формула 1 изгледа вака:

1. Шарл Леклер (Монако): 71 бод

2. Џорџ Расел (Велика Британија): 37

3. Карлос Саинз (Шпанија): 33

4. Серхио Перез (Мексико): 30

5. Луис Хамилтон (Велика Британија): 28

Тимови:

1. Ферари: 104 бодови

2. Мерцедес: 65

3. Ред Бул: 55

4. Мекларен: 24

5. Алпин: 22


„Dubai-Portal“