Претседателот на Партијата за правда и помирување, Усама Зукорлиќ на денешната прес-конференција изјави дека семејството има основано сомневање, бидејќи сметаат дека покојниот муфтија Муамер Зукорлиќ не се преселил (почина) од природна смрт.
За овие тврдења Зукорлиќ изјави дека семејството испратило примерок крв на адреса на две референтни лаборатории по преселувањето на ахирет на академик муфтијата Муамер Зукорлиќ и дека врз основа на добиените резултати од една лабораторија е утврдено дека во крвта има поголема количина на тешки метали, додека друга лабораторија утврдила дека врз основа на анализа на мострата било утврдено дека смртта најверојатно била поради труење со храна.
Семејството Зукорлиќ во наредните денови ќе покрене истрага за ова прашање со цел што поскоро да се реши овој случај.
„Dubai-Portal“










