Земјотрес со јачина од 5 степени според Рихтеровата скала го погоди денеска источниот дел на Турција, соопшти Европскиот медитерански сеизмолошки центар, пренесе Ројтерс.

Земјотресот ја погоди централна Турција околу 16 часот. Според ЕМСЦ (Евро-медитерански сеизмолошки центар), епицентарот е на околу 30 километри од градот Малатија во источна Анадолија. Сеизмолошкиот центар наведува дека земјотресот бил на длабочина од два километри.