Во месецот Рамазан, започна објавувањето на Куранот на Мухаммед а.с. Во овој свет месец се извршуваат посебни богослужби, како што се постот и таравија намаз. Во месецот Рамазан, постојат многу обичаи кои во суштина се исти за сите муслимани, но сепак може малку да се разликуваат од место до место.

Некои од вообичаените обичаи се: пукање со топ што го означува времето на ифтар, времето на суфур, урми со кои верникот го прекинува постот, лепчиња кои се незаменливи на рамазанската софра, топ кој е специфичен и за Рамазан.

Меѓутоа, во Туркије, но и во некои арапски земји, постои личност или човек наречен давулџија (тапанџија). Тоа е личност која поминува низ махалите и сокациѕе и на посебен и поинаков начин ги буди луѓето да суфураат.

 

Давулџијатаоди низ махалите, удира во тапан и учи рамазански песни. Давулџија застанува пред врата, пее песна, добива џепарлак, па радосно пее друга песна поради добиените пари и оди во соседната куќа. Овие песни подоцна беа составени во книга наречена „Рамазан“.