Ирански весник објави дека иранските средства замрзнати во Јужна Кореја ќе бидат ослободени во замена за тројца американски државјани со иранско потекло.

Во петокот, весникот „Entekhab“ објави: „Тројца шпиони со двојно државјанство ќе бидат ослободени, во замена, Иран да ги врати замрзнатите средства во Кореја, во износ од 7 милијарди долари.“

Тројцата лица кои се очекува да бидат ослободени се Сијамак Намази (Siamak Namazi), Багер Намази (Bagher Namazi) и Мурад Тахбаз (Morad Tahbaz).

Односите меѓу Иран и Јужна Кореја се затегнати поради 7 милијарди долари ирански средства замрзнати во две корејски банки поради повторното воведување на американските санкции, откако поранешниот американски претседател Доналд Трамп, се повлече од историскиот нуклеарен договор со Иран, од 2018 година.

Иранската новинска агенција „IRNA“, во четвртокот цитираше „информиран функционер“ кој потврдил дека значителен дел од замрзнатите средства на Иран наскоро ќе бидат ослободени.

Ирански извор потврди дека ослободувањето на овие средства доаѓа како дел од новиот договор надвор од нуклеарниот договор.

Минатиот месец, во Велика Британија беа пуштени 470 милиони евра со договор за отплата на овој стар долг кон Иран, во замена за ослободување на двајцата затворени двојни државјани, новинарите Назанин Загари-Ретклиф (Nazanin Zaghari-Ratcliffe) и Ануша Ашури (Anousheh Ashouri).

Иран не ја откри големината на своите средства во странство, кои земјите со деловни односи со Иран ги замрзнаа поради американските санкции и притисок.

Овие средства првично се приходи од извоз на нафта во изминатите години по потпишувањето на нуклеарниот договор во 2015 година.

Сепак, медиумските извештаи ги проценуваат овие средства на околу 140 милијарди долари: 5 милијарди долари во Ирак, 3 милијарди долари во Јапонија и 7 милијарди долари во Јужна Кореја.


„Dubai-Portal“