КИЕВ (АА) – Украина соопшти дека во досегашните руски напади на Украина загинале 18.900 руски војници, а уништени се 150 авиони, 135 хеликоптери и 698 тенка, пренесува Агенција Анадолија (АА).

Генералштабот на Украинската армија објави извештај за загубите на руската војска во периодот од 24 февруари до 7 април.

Според извештајот, во досегашните судири загинале 18.900 руски војници, а уништени се 150 авиони, 135 хеликоптери, 698 тенка, 1.891 оклопно возило, 332 топа, 108 системи за лансирање ракети и 55 системи за противвоздушна одбрана на Русија.

Меѓу другото, во извештајот се наведува дека руските сили загубиле и 1.358 возила, 7 брода и лесни глисери, 76 цистерни за гориво и 111 дрона.


Anadolu Agency