АНКАРА (АА) – Сликите на убиените цивили во регионите Буча и Ирпин, во близина на Киев, главниот град на Украина, се застрашувачки и тажни за човештвото, порачаа од Министерството за надворешни работи на Турција, јавува Агенција Анадолија (АА).
„Стрелањето недолжни цивили е неприфатливо. Нашето основно очекување е овој чин да биде предмет на независна истрага, одговорните да се идентификуваат и за тоа да одговараат“, истакнато е во соопштението и нагласено е дека Турција ја дели болката на украинскиот народ.
Се додава дека Турција ќе продолжи да работи на ставањето крај на вакви срамни сцени за човештвото и обезбедување мир што е можно поскоро.
Министерството за одбрана на Украина во неделата објави дека во украинскиот град Буча се случила „нова Сребреница“.
„Нова Сребреница. Украинскиот град Буча неколку недели беше во рацете на руските животни. Локални цивили се убивани, некои со врзани раце на грбот, а нивните тела се расфрлани по улиците на градот“, наведено е во објавата на Министерството на Твитер.
„Anadolu Agency“









