Втората фаза од продажбата на билетите за Светското првенство во Катар, започна во вторник, а ќе заврши на 28 април, соопшти ФИФА.
Достапни се четири типа билети – билети за секој натпревар во четири ценовни категории, од кои последната е резервирана за жителите на Катар, билети резервирани за навивачите на еден тим за целата групна фаза или за натпреварот од втората фаза во кој ќе учествува тимот за кои тие навиваат и билет кој ќе обезбеди пристап за четири натпревари на четири различни стадиони.
Билетите се во просек за 30 отсто поскапи отколку на претходното Светско првенство во Русија во 2018 година.
Влезниците за финалето од 550 и 1.460 евра
За гледачите од странств,о цените на поединечните билети за првото коло се движат од 62 до 200 евра по натпревар. За финалето потребно е да се избројат помеѓу 550 и 1.460 евра.
Цените на билетите резервирани за жителите на Катар се движат од 10 до 190 евра по натпревар.
„Лицата чие барање за билети е исполнето ќе бидат известени за исходот од нивната апликација преку е-пошта најдоцна до 31 мај“, соопшти ФИФА.
Со оглед на малите растојанија меѓу осумте стадиони во радиус од 50 километри од центарот на Доха, навивачите за прв пат ќе можат да побараат билети за два меча одиграни во ист ден, на почетокот на групната фаза.
„Aj“
„Dubai-Portal“










