Италијанската кондиторска групација Фереро ги повлече чоколадните јајца Kinder Surprise од британските продавници две недели пред Велигден поради можна поврзаност со десетици пријавени случаи на салмонела.
Повлекувањето се однесува на јајцата Kinder Surprise, кои се продаваат и во парчиња и во повеќеделни пакувања. – Доброволно ги повлекуваме избраните серии Kinder Surprise како мерка на претпазливост, бидејќи сме свесни за можната поврзаност со бројните пријавени случаи на салмонела – се наведува во известувањето на Ферер за отповикување.
Британската агенција за стандарди за храна (FSA) ги советуваше клиентите да не ги консумираат овие производи со датумот „најдобро да се користат помеѓу 11 јули и 7 октомври“. Утврдени се најмалку 57 случаи на заболени од салмонела кои се поврзани со споменатиот производ, соопшти АФС, додавајќи дека меѓу заболените има и голем број мали деца.
Нулта точка / Вести









