Во неделата повторно избувна уште една ноќ на насилство меѓу Палестинците и израелската полиција во близина на портата Дамаскус во Стариот Ерусалим, при што пријавени се најмалку 10 апсења, а 19 палестински демонстранти се повредени.
Претставник на Хамас и командантот на израелската полиција ја наведоа посетата на израелскиот министер за надворешни работи Јаир Лапид на тоа подрачје како провокација поради третиот ден на Рамазан, што актуелниот шеф на операции на областа Ерусалим Васам Али го демантираше.
In Jerusalem, a Palestinian child trying to help his brother who's being arrested by the Israeli forces at Damascus Gate! pic.twitter.com/w1pNE4WIvH
— Muhammad Smiry (@MuhammadSmiry) April 3, 2022
Израелската полиција уапси двајца палестински корисници на TikTok за поттикнување агресија врз Израелците, додека во саботата еврејски млади наводно биле видени како извикуваат „Смрт за Арапите“ во близина на портата на Дамаскус. Израел во последните две недели е потресен од насилство, но и од терористички напади, кои се се почести во оваа земја. ZeroDot / RT








