Германија нема директно да воведе ембарго за увоз на руски гас и покрај наводите за злосторства на руските сили во украинскиот град Буча, најави министерот за економија на таа земја Роберт Хабек.

Тој посочи дека Германија работи на намалување на зависноста од рускиот гас, нафта и јаглен.

Тој објасни дека Германија увезува 35 отсто нафта од Русија и дека зависноста сега е намалена на 25 отсто, пренесува „Tanjug“.

Што се однесува до гасот, зависноста е намалена од 55 на 40 проценти.

„Работиме на нови санкции, со мерки што ќе го погодуваат [рускиот претседател] Владимир Путин секој ден. Ние сме на вистинскиот пат“, рече Хабек, изразувајќи очекување дека санкциите ќе бидат усвоени оваа недела.

Официјална Виена се противи на воведување ембарго за увоз на руски гас, а австрискиот министер за финансии Магнус Брунер, пред состанокот на Еврогрупата во Луксембург изјави дека Австрија целосно се согласува со Германија и го отфрла ембаргото за рускиот гас.

„Санкциите се корисни само ако не влијаат на оној кој ќе ги наметне“, рече Брунер.

Тој посочи дека е неопходно да се задржи ладна глава, особено во однос на ембаргото за увоз на гас.

Брунер рече дека Австрија, како и Германија, е многу зависна од рускиот гас.


„AJ“
„Dubai-Portal“