Израелските безбедносни сили, синоќа уапсија 10 Палестинци, а други ранија во втората ноќ во судир со толпата собрана пред портата на Дамаск, во окупираниот Источен Ерусалим.
Најмалку 19 лица се повредени, бидејќи полицијата употребила челични куршуми обложени со гума, шок бомби, палки, за да ја растера масата.
Снимките објавени на интернет покажуваат дека израелските сили, вклучително и тајните службеници, тепаат и рануваат Палестинци, додека ги апсат.
تغطية صحفية:” شاهد| قوات الاحتلال تعتدي على الأهالي في محيط باب العامود بالقدس”
تنبيه: لا ينصح بمشاهدة الأطفال لاحتوائه على اعتـ.ــداء pic.twitter.com/bpMVshJdTA— AlQastal القسطل (@AlQastalps) April 3, 2022
Четворица Палестинци беа приведени во областа, во саботата.
Израелската полиција соопшти дека уапсила луѓе поради „немири и напади врз полицајци“. Еден полицаец е повреден од шише фрлено во лицето, се вели во соопштението на полицијата.
Израелските власти, денес рано наутро, приведоа и испрашуваа луѓе кои ги посетија повредените во гушењето во болницата Ал-Макасед, пишува „Arab48“.
Нападите на портата на Дамаск доаѓаат во време на зголемени тензии и предупредувања за плановите на израелските имигранти да ја нападнат џамијата Ал Акса, за време на светиот месец Рамазан, чиј дел ќе се совпадне со еврејските празници.
Во неделата, израелскиот премиер Нафтали Бенет телефонски разговараше со јорданскиот крал Абдула, кој ја истакна потребата „да се избегне каква било ескалација“.
Кралот повика на „отстранување на сите пречки за муслиманските намази во џамијата Ал Акса, особено со почетокот на светиот месец Рамазан, и да се спречат провокациите кои би можеле да доведат до ескалација“, изјави јорданскиот кралски двор во изјава.
„MEE“
„Dubai-Portal“









