Министерството за одбрана на Украина соопшти дека во украинскиот град Буча се случила „нова Сребреница“.

„Нова Сребреница. Украинскиот град Буча веќе неколку недели е во рацете на руските животни. Локалните цивили беа убиени, некои со врзани раце зад грб, а нивните тела расфрлани по градските улици“, соопшти Министерството за одбрана на „Твитер“.

Михаил Подољак, заменик-шеф на Кабинетот на претседателот на Украина, исто така објави дека убиени цивили со врзани раце зад грб се пронајдени во градот Буча, кој го стави под контрола украинската армија.

Украина го презеде целиот регион Киев од руските сили, објавија во саботата украинските медиуми, повикувајќи се на Министерството за одбрана на Украина.

„Ирпин, Буча, Хостомел и целиот регион Киев се ослободени од освојувачите [на Русија]“, објави украинската заменик-министерка за одбрана Хана Малиар на „Фејсбук“, пренесе државната новинска агенција „Укринформ“.

Агенцијата објави дека украинските сили презеле повеќе од 30 населени места од руските сили во текот на последниот ден.


„Aj“
„Dubai-Portal“