Во Катар се одржа 72. Конгрес на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА).
Како резултат на конгресот, беше суспендирано членството на Пакистан, Зимбабве и Кенија во ФИФА. Русија не е исфрлена од федерацијата.
На состанокот присуствувала и делегација на Руската фудбалска федерација (РФУ) предводена од Александар Алаев.
Да потсетиме, ФИФА и УЕФА ги суспендираа руските тимови и клубови од меѓународните натпреварувања. Претходно, РФУ објави дека бордот на ФИФА не размислува за суспендирање на членството.
ZeroDot / RT








