По 88 години во Света Софија, во текот на мубарек месец Рамазан повторно ќе се извршува таравих намазот. Аја Софија во Истанбул е повторно отворена за молитва на 24 јули 2020 година по 86 години, па оваа година за прв пат ќе се клања таравих. Во Рамазан, последниот од трите месеци од големо значење за муслиманите, оваа година во џамиите ќе се врши молитва, откако во последните две години беа оставени празни поради мерките против ширење на Ковид-19.
Во џамијата ќе се одржат и низа настани по повод Рамазан, како што се зикр и учење на мукабала. По повод доаѓањето на светиот месец, 158 џамии низ Истанбул ќе бидат отворени за богослужба 24 часа неделно. Теравих-намаз ќе се изведува во 93 џамии, а мукабела со тафсир (оп.а. толкување на Куранот) ќе се учи во 63 џамии низ градот.
Откако ќе се прочита џуз (оп.а. дел од Куранот), ќе се направи концизно толкување. Итикаф, кој не беше дозволен за време на епидемијата, овој Рамазан ќе се врши и во 209 џамии во Истанбул. Само пет лица ќе смеат да влезат во итикаф во една џамија, како мерка на претпазливост против Ковид-19.
Извор:TRTHaber / Превод: Балкански вести










