Украина е подготвена да разговара за неутралноста и ненуклеарниот статус на земјата доколку добие безбедносни гаранции, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Сепак, тој додаде дека нема да седне на преговарачка маса со Русија доколку се разговара за „демилитаризација“, еден вид „денасификација“, пренесува Ројтерс. Тој додаде дека прашањето за рускиот јазик е една од темите на преговорите. Договор со Русија е можен само доколку руските трупи се повлечат од Украина, рече Зеленски.
Тој изјави дека не го разбира предлогот за мировна мисија во Украина и дека не сака замрзнат конфликт. Тој додаде дека се залага за размена на сите затвореници.
Нулта точка / Агенции










