Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска го обвини Западот за недостаток на храброст додека неговата земја се бори, како што рече, да ја спречи руската инвазија.

„Денеска разговарав со бранителите на Мариупол. Јас сум во постојан контакт со нив. Нивната решителност, храброст и цврстина се зачудувачки“, изјави Зеленски во видео обраќањето, пренесува агенцијата АП.

Кога би имале само еден посто храброст оние кои  31 ден размислуваа како да предадат десетици авиони и тенкови“, изјавил украинскиот претседател.

Воената помош од западните земји досега не вклучуваше борбени авиони, а предлогот за префрлање на полски авиони во Украина преку САД беше одбиен поради загриженоста на НАТО за вклучување во воен конфликт со Русија, наведува американската агенција.

Значи, кој е одговорен за евроатлантската заедница? „Дали сè уште е Москва, благодарение на нејзината тактика за заплашување?“, праша Зеленски, додавајќи дека „нивните сојузници мора да ја зголемат помошта за Украина“.