Замената на рускиот природен гас на европскиот пазар „практично не е возможна“, изјави катарскиот министер за енергетика Саад ал-Каби во четвртокот во интервју за Си-Ен-Ен, пренесува Раша Тудеј.
Функционерот, кој е и претседател и извршен директор на државната компанија „Катар енерџи“, истакна дека „од 30 до 40 отсто од вкупниот волумен на гас испорачан на светскиот пазар доаѓа од Русија“. ЕУ воведе економски санкции кон Москва поради конфликтот во Украина и најави дека оваа година ќе почне постепено да ја намалува потрошувачката на рускиот природен гас.
Над 40% од увозот на гас во Европската унија доаѓа од Русија. Сепак, Ал Каби посочи дека Катар нема да воведува санкции за рускиот сектор за нафта и гас, нагласувајќи дека „енергијата треба да остане надвор од политиката“. Според министерот, Катар нема да стои настрана во украинската криза.










