Претседателот на Украина, Владимир Зеленски, истакна дека Украина е подготвена да се откаже од барањето за членство во НАТО доколку Руската армија се повлече, се постигне прекин на огнот и се гарантира безбедноста на неговата земја, пренесува Агенција Анадолија (АА).
Во интервјуто емитувано на украинската телевизија, Зеленски објасни дека ова е компромис за Западот, кој не знае што да прави со Украина во однос на НАТО, за Украина, која сака да ја осигура сопствената безбедност и за Русија, која не сака НАТО дополнително да се прошири.
Зеленски истакна дека неговата земја е подготвена да се откаже од членството во НАТО, под услов руските трупи да се повлечат, да се постигне прекин на огнот и да се гарантира безбедноста на Украина.
Повторувајќи го својот повик за директна средба со рускиот претседател Владимир Путин, Зеленски нагласи дека е невозможно да се разбере дали Русија сака да ја прекине војната сѐ додека не се сретне со Путин.









