Четири лица се повредени во синоќешните напади на руските сили врз Киев, главниот град на Украина, јавува Агенција Анадолија (АА).

Со влегувањето на војната меѓу Русија и Украина во својот 28. ден, продолжуваат нападите на руските сили врз Киев.

Во нападот на руските сили на населбата Нивки во Киев, изгореа две куќи. Искршени се и прозорците на некои од околните куќи.

Од друга страна, во вестите објавени во украинскиот печат се наведува дека некои области во Киев, меѓу кои и еден трговски центар, од синоќа се цел на руските сили.

Во вестите се информира дека во нападите врз Киев се повредени најмалку 4 лица.