Токио Електрик Пауер Tokyo Electric Power објави дека повеќе од 700.000 домови во главниот град останале без електрична енергија по големиот земјотрес во Јапонија. На социјалните мрежи се појавија првите снимки од силниот земјотрес што денеска ја погоди Јапонија.

 

„Ова е моето биро, во Токио, сега. „Се слуша како се тресе целата зграда“, стои во описот на видеото во кое сè се ниша од силината на земјотресот. Потсетуваме, силен земјотрес со јачина од 7,3 степени според Рихтеровата скала денеска го погоди североисточниот брег на Јапонија, поради што беше издадено предупредување за цунами. Издадено е предупредување за цунами за регионите Фукушима и Мијаги.

 

Земјотресот ја погоди истата област како и во 2011 година, кога земјотрес со јачина од 9 степени по Рихтер доведе до нуклеарна катастрофа во Фукушима. Засега нема податоци за евентуални жртви или материјална штета.