Рускиот претприемач Александар Зобов најави дека ја лансира домашната верзија на Инстаграм, а руската алтернатива на оваа мрежа ќе се вика Росграм. Апликацијата ќе биде лансирана на 28 март, а ќе биде достапна за корисниците на Android и iOS. – Моментално имате можност да станете првиот корисник со посебни привилегии. Пристапот ќе биде отворен за врвни блогери и компании, а обичните корисници ќе можат да пристапат до мрежата во април оваа година – се наведува на веб-страницата на компанијата. Се очекува Rosgram да ги има сите карактеристики на Instagram, вклучувајќи фотографии и видеа, како и комуникација слична на пораки.